Хилари Клинтон: Гласот за Трамп е глас за Путин

Во меѓувреме, „Дејли мејл“ објави дека Клинтон ќе се вклучи во напорите за собирање средства за претседателската кампања на Бајден во договор со актерот и текстописец Лин-Мануел Миранда.

од Бети Божиноска

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон предупреди во пост на „Х“ дека секој глас даден за Доналд Трамп во изборната трка за претседател на САД всушност е глас за рускиот претседател Владимир Путин.

„Секој ден станува се појасно: гласот за Трамп е глас за тимот на Путин“, напиша Клинтон на социјалната мрежа „Х“.

Постот на Клинтон доаѓа како реакција на изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека Трамп нема да ѝ дава пари на Украина ако повторно биде избран за претседател на САД.

Во меѓувреме, „Дејли мејл“ објави дека Клинтон ќе се вклучи во напорите за собирање средства за претседателската кампања на Бајден во договор со актерот и текстописец Лин-Мануел Миранда.

Според британскиот таблоид, Клинтон планира „специјална изведба на Бродвен на Suffs: the musical на 3 април за собирање средства за претседателскиот заедничкиот комитет за собирање средства Biden Victory Fund и за Women’s Leadership Forum.

Билетите за изведбата на Тајмс Сквер ќе чинат меѓу 500 и 5.000 долари.

Клинтон претходно минатата година одржа донаторска забава за Бајден во својот дом во Џорџтаун, а во 2020 година собра милиони долари за Бајден, кој тогаш беше претседателски кандидат.

Слични содржини