Хоти: Белград намерно и свесно ги крие локациите на масовните гробници

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Авдулах Хоти соопштил дека косовската влада „изразува длабоко разочарување од некои јавни изјави на високи српски претставници“, за кои рече дека „отворено продолжуваат да покажуваат длабок недостаток на почит кон жртвите од неодамнешната војна на Косово“.

Авдулах Хоти додава дека непочитувањето се однесува и на „нивните семејства кои очајно ги бараат своите роднини киднапирани од српските сили веќе две или повеќе децении“.

Оценувајќи дека изјавите се „скандалозни“, Хоти додал дека тие „ги навредуваат жртвите на српските злосторства и докажуваат дека Белград намерно и свесно ги прикрил трагите на злосторствата низ годините, криејќи ги локациите на масовните гробници“.

Хоти изјави дека косовската влада „се спротивставува на овој политички менталитет и очекува и меѓународната заедница, особено ЕУ и САД, да го сторат истото“.

Приштинските медиуми јавуваат дека Хоти реагирал по изјавите на министрите Александар Вулин и Ивица Дачиќ, кои тврдат дека ги навредувале Албанците последните денови, нарекувајќи ги „Шиптари“ и наводно им се заканувале на Србите кои знаат за масовните гробници на Албанците во централна Србија.

Слични содржини