ИДЧПД: Адеми да се извини на пратениците

од Nikola Popovski

Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје категорично го осуди вчерашниот инцидент во Македонското собрание.

Од таму велат дека пратеникот Арбер Адеми со манифестираното насилничко однесување кон пратениците од редовите на опозицијата покажа дека повеќе не е достоен да ги претставува граѓаните на С. Македонија.

-Таквото однесување е крајно неприфатливо во рамките на работењето на една од најдемократските државни инстутиции – Собранието на С. Македонија и затоа очекуваме јавна осуда за пратеникот од страна на неговата партија – Демократската унија за интеграција, како и од другите политички партии кои се на власт. Во подемократски системи, тој досега ќе мораше да поднесе оставка и да упати извинување кон јавноста. Во духот на демократијата и европските вредности, пратеникот Адеми најмалку што може да направи во овој момент е да се извини на пратениците, кои на вчерашната седница, од негова страна, беа физички и вербално нападнати. Владата треба да има во предвид дека зачестените инциденти во законодавниот дом влијаат негативно врз репутацијата на државата пред македонските граѓани, но и пред меѓународната заедница. Потенцијалните странски инвеститори нема да отвараат нови производствени капацитети во државата доколку таа е неуредна и нестабилна, стои во реакцијата на ИДЧПД.

Слични содржини