Имале симптоми на коронавирус, но сепак оделе на работа: Двајца фризери изложиле на ризик 140 муштерии

од Nikola Popovski

Двајца американски фризери оделе на работа со денови, иако биле заразени со новиот коронавирус, со што потенцијално загрозиле 140 муштерии.

Прво било откриено во петокот дека стилист во салонот „Great Clips“ во Мисури се заразил со Ковид-19 и изложени на инфекција 84 свои клиенти и седум соработници.

Ден потоа, било откриено дека друг стилист, од истиот салон, исто така е позитивен за вирусот. Тој стилист бил во контакт со 56 лица на работа.

Обајцата се вратиле на работа во втората недела од мај и оделе цели осум дена, иако имаа симптоми на коронавирус. Салоните се отвориле во Мисури на 4 мај, а сите клиенти и работници морале да носат заштитни маски.

Одделот за здравство во округот Спрингфилд-Грин соопшти дека работниците ги почитувале сите мерки и редовно го чистеле објектот и дека, благодарение на списокот на контакти, можеле да ги известат сите лица кои биле во контакт со болните фризери, јави Си-Ен-Ен. Тие се надеваат дека нема да има „дополнителни случаи на инфекција“ затоа што сите работници и клиенти носеле заштитна маска во салонот. Додадоа дека секој што бил изложен на потенцијална инфекција ќе биде контактиран и ќе му биде понудено тестирање на вирусот.

„Благосостојбата на клиентите и стилистите на „Great Clips“ е наш приоритет. Го затворивме салонот каде што работеа болните фризери и во моментов спроведуваме длабоко чистење и дезинфекција на објектот“, се наведува во соопштението на сопственикот на фризерскиот салон.

Што се однесува до болните стилисти, нема дополнителни информации за нивната здравствена состојба дури и кога биле тестирани.

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, до вчера имало околу 1,6 милиони заразени и повеќе од 97.000 смртни случаи од „Ковид-19“ во САД.

Слични содржини