Извештајот на ЕК за Македонија на собраниска седница

од desk2

Пратениците на денешната 47. собраниска седница ќе го разгледаат извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година.

На дневен ред на седницата се и предлог одлуката за испраќање на припадници на армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации во Либан, како и измените на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост.

На денешната седница ќе биде разгледан и предлог кодексот за етичко однесување на пратениците, кој е поднесен од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери и уште неколкумина други пратеници.

Слични содржини