Јакимовски: Османи промовира жирафа политика, Курти нема да добие наша поддршка кога ќе бидам претседател

од Nikola Popovski

Жал ми е што во оваа изборна кампања не можеме да го слушнеме господинот Бујар Османи како зборува за животот во Македонија и за подобрување на животот на граѓаните, туку тој промовира жирафа политика, изјави кандидатот за претседател и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски.

„Постојано го слушаме дека се грижи за Косово, но не предлага ништо за подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Ни вели дека кога Косово не е покането на средбата, тој не би присуствувал како претседател на Република Македонија или дека за Косово мора да се гласа во Советот на Европа? Би го прашал Османи, дали Македонија не направи доволно за Косово? Дадовме небо да биде бомбардирана СР Југославија, дадовме простор во Катланово, Петровац и Куманово за воените бази на НАТО да ја нападнат СР Југославија од Македонија. Го признавме Косово, ја обележавме границата и досега во сите институции гласавме за Косово“, порача вчера Јакимовски.

Јакимовски истакна дека за возврат Косово и косовскиот премиер Албин Курти се мешаат во внатрешните работи на Северна Македонија и „кога тој ќе стане претседател, мора да им покажеме на Косово и на Курти дека ние сме држава, а тој не е и дека нема да ја добие нашата поддршка“.

„Истовремено, сакам да го прашам Османи дали има предвид дека има и други етнички заедници во оваа земја и дали зема предвид дека имаме и друг сосед. Што имаме ние лошо со Србите? Покрај тоа што сме го дале небото за бомбардирање на Србија, Србите ни ја признаа црквата, поштено вратија тоа што земале 1918 година, се однесоа крајно комшиски за време на короната и ние не можеме да ги нарушуваме односите со така голем сосед и битен тговски партнер за Република Македонија“, вели претседателскиот кандидат.

Слични содржини