Јапонската амбасадорка почнува турнеја на посети на седум предвидени општини

од Aleksandar Petrovski

Амбасадорката на Јапонија во земјава Кеико Ханеда во следните недели ќе присуствува на свечени церемонии за затворање на седум проекти во седум општини, во шест региони во државата.

Во текот на првите две недели од септември, амбасадорката Ханеда ќе ги посети реновираните болници во Кавадарци и Македонски Брод, болниците во Тетово и Велес кои добија донација за набавка на амбуланти возила, како и јавните комунални претпријатија во Виница, Валандово и Крива Паланка што добија средства за набавка на нови комунални возила и ровокопач.

Пред Здравствен дом Македонски Брод, денеска Амбасадорката Ханеда ќе присуствува во затворање на проектот за подобрување на болничката средина во овој здравственен дом.

Вкупниот грант со кој Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија, придонесуваше во овој проект изнесува над 55 илјади евра. Следниот ден Ханеда ќе присустува во Велес, односно во ЈЗУ Здравствен дом Велес, кои со помош на јапонската Амбасада, во износ од над 37 илјади евра набавија амбулантни возила.

Воедно утре таа ќе го посети и Валандово, односно ЈП „Комунален сервис“, кој со грант на јапонската Амбасада се опремија со ровокопач во износ од 59.365 евра.

Посетата на Крива Паланка на 4 септември исто така е дел е широката агенда на Амбасадорката Ханеда. Во овој град таа ќе присуствува во завршување на проектот за набавка на комунално возило на ЈП – Комуналец во Крива Паланка во износ од 60.990 евра. Друго градско претпријатије што ќе биде посетено од Ханеда во следните две недели е ЈП – Солидарнос од Виница, кои со поддршка од јапонската Амбасада се опремија со ровокопач во износ од 29 илјади евра.

На 10 септември Амбасадорката Ханеда, ќе биде присутна во завршување на проектот за подобрување на болничката средина во Општата болница Кавадарци, каде се инвестира 50 илјади евра.

Својата турнеја за месец септември Ханеда ќе ја заокружи на 11 септември со посета на ЈЗУ Клиничка болница Тетово, на кој им беа доделени над 54 илјади евра за подобрување на болничката

Освен посетите на наведените институции амбасадорката Ханеда ќе има средби и со градоначалниците на наведените општини. Во следните месеци, ќе бидат спроведени уште 12 церемонии на примопредавање во седум региони во РСМ.

Слични содржини