Кај двајца кичевчани полицијата пронашла хероин

од Milan1

Денес на ул.„1 Мај” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода М.З.(34) и Н.Г.(35), двајцата од Кичево. При преглед во патничко возило „опел корса”, со бугарски национални ознаки, во кое се превезувале, кај М.З. била пронајдена и одземена ќеса со кокаин. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Додека вчера околу 12.00 часот на ул.„Гоце Делчев” во Гостивар, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ј.Т.(52) од гостиварски Равен, затоа што при преглед му бил пронајден хероин. По целосно документирање на случајот на Ј.Т. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Слични содржини