Калиопи и Жељко Самарџиќ ќе промовираат песна и спот во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Македонската пејачка Калиопи Букле и српскиот пејач Жељко Самарџиќ ќе одржат официјална прес-конференција по повод нивната соработка и објавувањето на дуетската песна под наслов „ЗНАМ“, која што е комплетно авторско дело на Ромео Грилл.

Промоцијата ќе се одржи на 25 април 2023 (вторник) во 12:00 часот во „АудиоКултура“ во нас.Тафталиџе.

По презентацијата на песната и нејзиниот видо запис, двајцата познати пејачи на овие простори ќе даваат изјави и интервјуа.

Слични содржини