Камчев нема да бара од Кичеец да му ги врати парите од „Рекет“

од Берта Китинска

Катица Јанева, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец, Владата, распаднатото Специјално јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство, се тужени од бизнисменот Орце Камчев во граѓанска постапка.

Камчев не дојде во судот, адвокатот Александар Михајловски преку изјава информираше дека бизнисменот, се откажал од барањето Милески Кичеец да му ги врати парите.

Бизнисменот поднесе тужба преку која бара 1,5 милиони евра од случајот „Рекет“. Ова е прво рочиште за овој предмет. И тој не дојде во судот, а него го застапува адвокатот Александар Михајловски.

Слични содржини