Камчев позитивен на ковид -19 дојде во суд, немал решене за изолација

од Берта Китинска

Позитивен на ковид 19 е бизнисменот Орце Камчев кој денеска присуствуваше на рочишетето за судењето за „Плацeви на Водно“.

Додека неговиот адвокат Гоце Ристовски говореше, Камчев седеше во агол во судницата

– Обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен, има симптоми на висока температура и доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирано присуство на ковид-19 на брз антигенски тест на ковид-19. Согласно Уредбата на Владата обвинетиот Камчев треба да е во самоизолација, но тој е присутен бидејќи сѐ уште нема решение – кажа Ристовски.

Првообвинет за овој случај е поранешниот премиер, Никола Груевски, неговиот кум од првиот брак, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.

Предметот го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.

Слични содржини