Кара Делевин не се вклопува во клишето за еден типичен модел. Таа е дива, неконтролирана, а во секојдневниот живот често ги преферира ниските чевли и спортскиот стил. Таа е позната не само со успесите на модната писта, но и со бурниот љубовен живот.80c4a5a2470cc6a36afba39ea3a7b011

Токму за него британскиот модел зборува во новиот број на американскиот Vogue. Во интервјуто за фотосесијата Кара за прв пат проговори за љубовните односи со пејачката Сент Винсент , со која се заедно од почетокот на оваа година.

Со најновата појава за модната библија маѓесницата го промовира претстојниот филм – “Paper Towns”, во кој има главна улога.Еве неколку извадоци од интервјуто:

За врската со Сент Винсент:“Мислам дека тоа што сум вљубена во мојата девојка во голема мера е причината поради која се чувствувам толку добро со самата себе. А, тоа дека овие зборови излегуваат од мојата уста, е вистинско чудо “.

За тоа дека ја привлекуваат жени: “Ми требаше многу време да ја прифатам идејата додека не се заљубив во девојка за прв пат кога имав 20 години. Кога сфатив што се случува, мораше да го прифатам тоа”.

Фото: Vogue

За нејзината сексуалност: “Имам еротски сништа само со мажи. Дури пред неколку ноќи сонував таков. Ако некогаш најдам маж, во кој ќе се вљубам, јас ќе сакам да се омажам за него и да имаме деца. И тоа ме плаши до смрт, бидејќи мислам дека во мене има многу лудост и јас секогаш ќе се грижам дека тој ќе си замине, кога ме запознае целосно “.

За жените: “Тие се она што целосно ме инспирира и исто така жените се моето дно. Сум била оштетена исклучиво од жени, на прво место од мојата мајка “.

 

Слични содржини