Кавадарчанка и ја испразнила банкарската картичка на мајката на нејзиниот партнер

од desk4

Кавадарчанка на возраст од 44 години е осомничена за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, затоа што ја украла банкарската картичка на мајката на нејзиниот дечко, со кого живеела во вонбрачна заедница, по што подигнала 300 евра од банкомат.

Според полицијата Ј.М. додека престојувала во куќата на Е.В. со кого живее во вонбрачна заедница, од паричникот на Е.А. мајката на Е.В. со којашто живеат во заедница, ја зела нејзината банкарска картичка и на 04.01.2018 година во Кавадарци од банкомат на банка, неовластено подигнала 18.000 денари.

По подигнувањето на партите картичката ја вратила назад во паричникот, велат од МВР. Против Ј.М. е поднесена кривична пријава.

Слични содржини