Ќерка на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ: Протестираме затоа што не ни се исплатени субвенциите

од Vladimir Zorba

„Протестираме затоа што не ни се исплатени субвенциите и затоа што вчера тоа што го исплатија е чисто понижување за земјоделците, затоа што 3,5 милиони е исто како 36-те денари за пензиите. Треба да се засрамат. Јас не сум земјоделка, моите дома да, јас излегов за поддршка, затоа што сум од Неготино, кој е земјоделски крај“.

Ова го изјави пред новинарите Пепица Честојнова од Неготинo која учествуваше на денешните протести на земјоделците пред Владата.

Мајка на Пепица, Павлинче Честојнова, е пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа во последниве денови отворено го поддржува протестот на земјоделците пред Владата и повикува да излезат во што поголем број.

Слични содржини