Коалициските партнери на средба со Заев и Ковачевски

од Берта Китинска

Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и актуелен премиер Зоран Заев денеска ќе одржат средби со претставници на коалициските партнери што се дел од парламентарното мнозинство.

Според информациите од владејачката партија  станува збор за консултативни  средби  на кои ќе има запознавање на начинот на досегашната соработка со коалицииските партнери.

За Ковачевски  на внатрепартиски избори кои се одрзаа во неделата гласале вкупно 78,5 отсто од активните членови на партијата. Toj освои убедливо мнозинство , односно oд вкупно 44.406 членови што излегле на гласање, за Ковачевски заокружиле 37.649. За разлика од него, Фросина Ременски, која е поранешна потпретседателка на партијата, освои 2.836, а за Јован Деспотовски, актуелниот в.д директор на Дирекцијата ТИРЗ, гласале 3.319 сопартијци. Неважечки биле 602 ливчиња.

Слични содржини