Кои се придобивките од пресудата на Стразбур за отстранувањето на новинарите на 24 декември?

од desk4

Новинарите имаат право за слободно и професионално пренесување на информациите  до јавноста  а црниот понеделник на 24 декември 2012 година покажа како се кршат овие права и како се казнува повредата пред европските судови – овој настан доби централно место во публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“ на поранешната  судијка  Мирјана Лазарова – Трајковска, информира ТВ24.

Таа наведува дека  црниот понеделникот во кој новинарите кои ја следеа дебатата за носењето на Буџетот  и брутално беа исфрлени од собраниската галерија е еклатантен пример за повреда на новинарската слобода на изразување.

„Повредата во предметот на Селмани е затоа што новинарите биле спречени да ја пренесат информацијата и јавноста има право да добива информации и за настани како што вели судската пракса, кои може да шокираат и настани кои не се во согласност со она што значи генерално мислење во даден општествен момент.“ – вели Мирјана Лазарова – Трајковска –  поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права.

Слободата на изразување е основно човеково право кое  државата мора да  го гарантира – рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.

„Во овој случај треба да се потенцира дека истиот не е против државата туку за државата за да се покаже дека институциите не успеале да ја одигруваат својата улога односно да ги заштитат правата на своите граѓани. И дури може да се каже дека многу често ова се искористува од страна на медиумите за пропаганда. Самите новинари и сопственици на медиумите многу често се растргнати меѓу јавниот интерес и интересите на компаниите кои што ги застапуваат. “ – изјави Жбогар.

Европскиот суд за човекови права на 10 јануари оваа година  донесе пресуда во случајот на новинарите кои беа физички отстранети од собраниското обезбедување на седницата за носењето на Буџетот во 2012 година. Судот пресудил во корист на новинарите и заклучил дека се прекшрени членот 10 и членот 6 од Европската конвенција за човекови права. Со пресудата, Владата беше обврзана да исплати 5.000 евра на новинарите за оштета.

Слични содржини