Командантот Столески: ЕБР помина долг пат созревајќи во посебно специјализирана полициска формација

од Берта Китинска

„Со самото пристапување во редовите на МВР кон крајот на 2000 година, голема беше желбата да придонесам во градењето на тој систем, системот наречен полиција., вели Командант на Единицата за брзо распоредување Вице Столески.

-Преку нејзината поставеност, функционалност и ефикасност, во моите очи, таа беше клучниот системско-институционален инструмент за остварување на целите на безбедноста. Тој мој животен момент се совпадна со периодот кога се поставуваа темелите на една организациска структура во МВР, тогаш го носеше името Специјална полициска единица за брзо распоредување, а кон која малку подоцна кон крајот на 2003 година, со особено задоволство и целосна посветеност и предаденост се приклучив и јас.

20 години постоење на ЕБР поминати со неверојатна динамика на организациско и структурно трансформирање, сообразувајќи се со предизвиците, потребите за развој и реформа на полицискиот систем на МВР, недвосмислено говорат во прилог на фактот дека ЕБР од 2001 година до денес помина еден долг пат, созревајќи во посебно специјализирана полициска формација, со која сите ние сега може да се гордееме, вели Столески.

Слични содржини