Кон предупреди: Британскиот вид станува сè почест и се пренесува побрзо

од Stefanija Kuzmanovska

Од 20 лица кои биле тестирани на коронавирусот во Србија, шестмина го имале британскиот вид – изјави епидемиологот и член на кризниот штаб д-р Предраг Кон.

– Тој е подоминантен и попренослив, има многу голем потенцијал. Клиничката слика е потешка, но тоа може да биде последица на масовноста, па се стекнува таков впечаток.

Во посета на утринската програма на ТВ Прва, д-р Кон потсети дека оние кои се заразени со коронавирусот не можат да се вакцинираат:

– Кога има масовно присуство на инфекција, тогаш брзината на вакцинација се намалува. Досега имаме околу 600.000 луѓе кои ги примиле обете дози на вакцината. Ревакцинацијата оди подоцна, по повеќе од шест месеци, како и грипот. Во овој момент, не знаеме кога може да се изврши ревакцинација, за една година, порано или подоцна.

На прашањето дали досега достапните вакцини биле ефикасни против различни видови на коронавирус, д-р Кон се повика на истражувањето спроведено за вакцината на „Фајзер“/ „Бајонтек“:

– Истражувањата покажаа дека оваа вакцина само малку ја намалува ефикасноста. За очекување е другите вакцини против коронавирусот да бидат малку помалку ефикасни, но секако ќе „функционираат“.

Зборувајќи за пациентот од Врање кој прво прими една доза вакцина на „Фајзер“ / „Бајонтек“, а потоа втора доза од вакцината на Синофарм, д-р Кон вели дека тоа не смеело да се случи.

– Тоа е човечка грешка. Сè уште не е направено истражување за тоа што може да се случи со давање на две дози различни вакцини. Искрено мислам дека нема сериозна опасност, но тоа не значи дека не треба да се следи. Ако се појави скок на шеќер, тоа може да биде резултат на вознемиреност на пациентот кој дознал дека примил две различни дози на вакцината – истакна епидемиологот.

Слични содржини