Корона ја загрозува НБА лигата – два меча одложени поради епидемии во Бруклин и Кливленд

од Vladimir Zorba

НБА лигата е во нов корона хаос – по одложените два натпревари на Чикаго поради епидемијата на коронавирус во тимот, вечерва нема да се одиграат уште два натпревари.

Кoрoната ги пресече Бруклин Нетс и Кливленд Кавалирс, кои немаат доволно играчи за да излезат на паркетот против Денвер, односно Атланта.

Ковид се инфилтрирал во речиси сите клубови. Pример, тренерот на Лејкерс, Френк Вогел е во изолација, а искуството покажува дека еден позитивен случај предизвикува верижна реакција.

Чикаго се враќа на теренот вечерва во два часот по полноќ, против Лејкерс, откако тројца играчи – Демар Дерозан, Коби Вајт и Xавонте Грин излегоа од изолација.

Слични содржини