КОРОНА ВО ФРАНЦИЈА: Помалку од 4.500 заразени, но 500 мртви

од Vladimir Zorba

САМО 4.452 нови случаи на коронавирус се регистрирани во понеделникот во Франција, но бројот на смртни случаи се зголемил за дури 500!

Бројот на пациенти на хоспитализација е намален за 73 на 31.481, а бројот на пациенти на реанимација за 55 на 4.544.

Процентот на позитивни падна на 13,3 проценти во однос на извршените тестови, додека бројот на заразени на сто илјади сега е околу 150.

Поради сето ова, претседателот Макрон ќе и се обрати на јавноста во вторник, за да објави делумно олеснување на мерките.

Слични содржини