Ковачев: Нема надворешен притисок за одлуката за С. Македонија

од Nikola Popovski

Апсолутни шпекулации се гласините дека Бојко Борисов ќе поднесе оставка. Таква тема не е разговарано во ГЕРБ и нема да се разговара, изјавил бугарскиот европратеник од редовите на истоимената партија Андреј Ковачев, прецизирајќи дека нема информации за наводите што денеска ги изнесе поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.

Ковачев истакна дека ГЕРБ е за евроатлантската политика и геополитичката ситуација на Бугарија, како дел од НАТО и ЕУ.

„Секоја партија што сака да работи кон главните елементи – НАТО, еврозоната, поддршка за Украина, диверзификација на изворите на енергија, е добредојдена да продолжиме да работиме заедно“, појаснил Ковачев, пренесува „БНР“.

Европратеникот бил дециден дека нема надворешен притисок врз ГЕРБ за коалиција со „Продолжуваме со промените“ на сега веќе поранешниот бугарски премиер Кирил Петков.

„Како што нема притисок за одлуката за Северна Македонија. Ова е бугарска одлука, бидејќи предлогот на француското претседателство одговара на бугарската преговарачка рамка, како што е усвоена во Рамковната позиција во Декларацијата на Бугарскиот парламент“, додал тој.

Според Ковачев, одлуката на 170-те пратеници јасно зборува за прифаќање на францускиот предлог, како што е запишано: „Протоколите на Договорот за добрососедство од 2017 година… Тоа значи дека нашата рамковна позиција се спроведува. Бугарските услови стануваат европски“.

Слични содржини