Ковачевски нема да биде предложен за амбасадор во Париз

од Nikola Popovski

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски нема да биде нов амбасадор во Париз. Од извори во Владата дознаваме дека информацијата дека Васко Ковачевски ќе биде именуван за амбасадор во Периз е шпекулација.

Ваквата вест доаѓа откако во текот на вчерашниот ден, медиуми блиски до опозицијата објави дека Ковачевски бил предложен за амбасадор на Македонија во Франција.

Надзорниот одбор на ЕСМ го назначи Васко Ковачевски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор во јули 2019 година, функција на која дојде од местото директор на РЕК „Битола“ (најголема подружница на ЕСМ) каде беше назначен во јануари 2018 година. Неодамна неговото место во ЕСМ го предезе Васко Стефанов.

Покрај Ковачевски, се шпекулираше и со имињата на уште неколку поранешни функционери, кои би заминале на амбасадорските места. Беше објавено името на Андреј Жерновски, кој претходно се споменуваше за кандидат амбасадор во Србија, дека сега наводно ќе биде пратен во Романија, а во Белград наводно ќе се сели и довчерашниот министер за правда Никола Тупанчевски.

Слични содржини