Ковачки демантира дека бесно довикувал кон Петровска на армиска прослава

од Nikola Popovski

Пратеникот и поранешен полковник во АРМ, Драган Ковачки демантира дека бесно и без култура ѝ довикувал на министерката Славјанка Петровска на вчерашната армиска прослава. Според него, „Петровска води политичка кариера и привлекува внимание со скандали и конфликти“.

-Тоа придонесува да не се зборува за вистината, но и тоа како придонесува целата јавност да го види недостатокот на капацитет, желбата да се прикаже за лажна жртва и сожалување, емоција на која инсистира за да плива во политичките води. Тоа е нејзин пат, и нејзина одлука. Од целиот текст е само точно дека станав и културно си заминав од настанот пред Славјанка да почне да говори, затоа што не дојдов за да ја слушам нејзе, туку дојдов да ги поздравам луѓето на кои пред неколку години сум им бил командант, објави Ковачки на социјалните мрежи.

Вчера дел од медиумите објавија дека на прославата на денот на првата пешадиска бригада во касарна „Страшо Пинџур” во Петровец, Ковачки довикнал кон министерката со зборовите: „Готова си, одбројани ти се деновите“.

Слични содржини