Ковачки му се закани на Ковачевски: Ќе скапеш во затвор

од Nikola Popovski

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска од собраниската говорница упати остри закани кон премиерот Димитар Ковачевски.

-Совет за премиерот, прво народот те плаќа да го браниш неговите интереси а не да ги распродаваш, а второ ќе скапеш во затвор, ќе скапеш. Може да се смеете до утре сабајле, ние ова ќе го реализираме, рече Ковачки на собраниската седница за францускиот предлог.

Тој додаде дека прочка нема да има за никој и нема да се отвори Уставот.

-Тоа да си го знаете, јавно ви го кажуваме, прочка нема да има за сите кои се огрешиле против својот народ, рече Ковачки.

По својот говор Ковачки се обиде со зипо-запалка да го запали листот хартија на кој беше францускиот предлог, но не успеа. Поради тоа, зема и го искина.

Слични содржини