Кражба во две спортски обложувалници во Скопје, одземени два сефа со пари

од Vladimir Zorba

Во две спортски обложувалници во Скопје била извршена тешка кражба и биле одземени два сефа со пари.

Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот рано изутрината во 3:50 часот бил пријавен во СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во друг случај, пак, на 1 ноември 2023 година во СВР Скопје било пријавено дека во 10 часот во спортска обложувалница во Скопје едно лице со закана кон вработениот одзело пари.

Слични содржини