Крем од лешници со само 3 состојки

од desk2

Купените кремови се неверојатно скапи, а не сме сигурни и дали се здрави. Затоа ви го даваме овој рецепт за совршен крем од само три состојки.

Состав:

две чаши лешник (380 гр)
половина чаша јаворов сируп (125 мл)
3 лажички сурово какао во прав
Упатство:

За почеток, потребни се 10 минути печење на лешници на 180 степени. Откако ќе ги извадите од рерната, оставете ги да се оладат, отстранете ги лушпите и ставете ги во доволно силен блендер. Целта е со блендирање да се претвори во паста. Кога ќе ја добиете посакуваната структура на лешниците, додадете го јаоровиот сируп, потоа и какаото.

Вашиот здрав крем е подготвен!

Овој совршен крем може да се користи на 100 начини, но ние ви ги предлагаме палачинките.

Слични содржини