Кремљ се огласи во врска со преговорите со платениците на „Вагнер“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека нема нови информации за договорот за понатамошната судбина на руската паравоена формација „Вагнер“ и нејзиниот сопственик и основач Евгениј Пригожин.

„Нема нови елементи што можам да ги споделам со вас на таа тема“, рече Пеков, одговарајќи на новинарско прашање дали договорот според кој Пригожин треба да замине во Белорусија е се уште на сила, пренесува ТАСС.

Тој претходно истакна дека рускиот претседател Владимир Путин одржал состанок со Пригожин и другите команданти на „Вагнер“, кој траел речиси три часа и на кој им понудил можности за вработување и употреба во борбите.

Додаде дека соговорниците на Путин рекле дека се „верни поддржувачи и војници на шефот на државата и врховен командант“ и дека се подготвени да ја продолжат „борбата за татковината“.

Кремљ претходно вети дека нема да ги гони членовите на групата „Вагнер“ кои учествуваа во краткотрајниот бунт на групата на 23 јуни, земајќи ги предвид нивните „борбени заслуги“ и тоа што кривичните случаи против Пригожин беа отфрлени.

Слични содржини