Кривичен му ја одби гаранцијата, Камчев останува во притвор

од Берта Китинска

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор во затворот во Шутка, откако Кривичниот совет во Основниот суд ја одбил понудената гаранција од 2 милиони евра.

По оваа одлука одбраната на Камчев има право да поднесе жалба до Апелација, во рок од три дена, почнувајќи од вчера.

„Кривичниот совет постапувајќи по предлогот на одбраната донесе првостепено решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор и замена за друга мерка за обезбедување присуство се одбива. Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичниот суд – Скопје.

Слични содржини