Лишен од слобода крадец кој треба да лежи 12 години казна затвор

од Nikola Popovski

На 19.07.2023 во 23.00 часот на ул.„Широк Дол“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.А.(26) од Штип. Тој осуден на 12 години казна затвор за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, а бил баран по централна потерница за доиздржување на шест години од казната.

Л.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната. Инаку, при лишувањето на Л.А., полициските службеници биле спречувани од С.М.(27) од Штип. По документирање на случајот против не го ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини