Лога до Апасиев: По Тито и Хоџа, следна дестинација за поклонување му е гробот на Мусолини

од Nikola Popovski

Откако се поклони на гробовите на Јосип Брзо Тито и Енвер Хоџа, следната дестинација за поклонување на Димитар Апасиев е гробот на Бенито Мусолини, му порача министерот за правда, Кренар Лога на лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев.

Лога во својата реакција истакнува:

-Господине Апасиев, наместо да се гордеете дека во изводот на родени ќе стои националност- Македонец/Македонка, Вие со својата деструктивна политика по секоја цена сакате да ги држите граѓаните во заблуда за свои политички цели. Како „самопрогласен“ борец на интернационалистите, Вие треба да водите грижа за сите граѓани и народи, рамноправно да се развиваат во својата држава, наведува министерот и додава:

-Ако денеска сиромашниот Mакедонец се потпишува како припадник на друг народ не заради добивање на извод туку поради бесперспективноста и блокадата, господине Апасиев ие сега имате можност да ги поддржите уставните измени кои ќе ни го отворат патот во ЕУ и ќе ни овозможат подобра иднина на сите. Ден поскоро во Европската Унија, значи СТОП на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈАТА, се вели во реакцијата.

Ова следува откако денес претседателот на Левица на Фејсбук обвини дека „министер во Владата на премиерот Ковачевски со подзаконски акт (Упатство), прави ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на населението“.

Слични содржини