Локализиран пожарот кој изби во Кумановскиот суд

од Nikola Popovski

Кумановската противпожарна бригада го локализирала пожарот во судот, кој ги зафатил подрумските простории. Како што беше претходно објавено, во гаснењето интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила.

Огнот ја зафатил и дел од архивата, во која се наоѓаат предмети од минатото. Нема повредени лица при пожарот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски извести дека екипи за помош од Скопје се веќе испратени на терен.

-Во моментот не може да кажеме што точно е зафатено од пожарот бидејќи според најновите информации сè уште трае гаснењето. Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот, рече денеска Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини