ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: 18 независни кандидати за градоначалници

од Берта Китинска

Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата.

ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе и даде поддршка на независната кандидатка Данела Арсовска.Заедно со Арсовска како независен кандидат за Град Скопје во трката влегува и Ана Петровска но и порнаешниот пратеник Љубомир Јосифовски. Петре Шилегов ќе се кандидира како партиски кандидат на СДСМ, а слична кандидатура преку Левица најави и Перо Ѓеоргиевски Камиказа како и адвокатот Александар Тортевски преку Твоја партија.

На овие избори ќе има зголемување на бројот на независни кандидатури и советнички листи, а за премиерот Заев тоа е потврда за слободата и демократијата во земјата.

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври.

Кандидатурите за градоначалници и за советници до Општинските изборни комисии се поднесуваат до 11 септември.

Ова ќе бидат први избори на којшто во земјата ќе се применат терминали за вчитување на отисоци од прсти. Првите 200 терминали се очекува во ДИК да бидат во текот на оваа недела по што ќе почне и едукацијата за нивна примена на изборите. Локалните избори ќе се одржат со мерки за заштита од Ковид-19.

Слични содржини