66
Во понеделникот околу полноќ, во болница бил донесен малолетник со убодни рани во стомакот.
Пет минути пред полноќ, во СВР Битола било пријавено дека во итна медицинска помош бил донесен 14-годишник, кој бил повреден со нож во стомакот.
За среќа, не биле повредени внатрешните органи, но детето е задржано на лекување. Било прободено со нож во стомакот од непознат сторител на улицата Филип Втори Македонски во Битола.
Полицијата трага по сторителот.