Малолетник излетал од пат со „фиат“, еден од неговите другари со потешки повреди

од Nikola Popovski

МВР информира дека малолетник со „фиат“ излетал од коловоз, при што еден од сопатниците се здобил со тешки телесни повреди.

На 02.08.2023 во 15.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат од с.Неготино кој води за автопатот, патничко возило „фиат” со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Сенокос, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетен сопатник од возилото, а возачот и уште еден малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Слични содржини