Малолетник украл возило во Тетово

од Nikola Popovski

Вчера (16 октомври) околу 20 часот и 30 минути на улица „133“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој бил затекнат при обид да одземе патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, при што оштетил и друго возило со тетовски ознаки, паркирано во близина. Подоцна, кај малолетникот било пронајдено патничкото возило „опел астра“ со тетовски ознаки, кое вчера (16 октомври) беше пријавено за одземено на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

Пронајденото возило му е вратено на сопственикот М.И.(63) од Тетово, а малолетникот е задржан во Полициската станица Тетово. Инаку, претходно во 13 часот и 35 минути малолетникот бил пријавен од неговата 44-годишна мајка дека се оддалечил од дома.

Слични содржини