Медведев: Каква ќе беше реакцијата Русија да побараше евакуација на поголем град во Украина?

од Stefanija Kuzmanovska

Западните земји срамно молчат за барањето на Израел да се евакуираат повеќе од милион жители на Газа на југ, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Повеќе од милион жители на Газа треба итно да бидат евакуирани на југот на Појасот на барање на израелската армија. Сите ‘западни партнери’ срамно молчат. Се прашувам, каква би била нивната реакција на слично барање до режимот во Киев за евакуација на еден од поголемите градови?“, напиша Медведев на својот Телеграм канал.

Претходно, израелските одбранбени сили ги повикаа цивилите да се евакуираат од градот Газа на југ. Израелската армија вети дека граѓаните на Газа ќе можат да се вратат во своите домови и дека ќе биде издадено соодветно известување.

Израелската армија исто така нагласи дека жителите не треба да се приближуваат до зоната на безбедносната ограда на границата со Израел. Во соопштението се тврди и дека борците на Хамас се кријат во тунелите под куќите и зградите во Газа.

Слични содржини