Мека и мирисна: Домашна штрудла со сирење (Видео)

од desk2

Рецепт за мека штрудла со сирење која се топи под прстите.

СОСТОЈКИ:
900 гр брашно + 100 гр за работната површина
40 гр свеж квасец или 10 гр сув
200 мл јогурт
200 мл млака вода
150 мл масло
3 јајца (2 жолчки за тестото, белки за филот, 1 јајце за преемачкување)
2 лажички шеќер
1,5 лажичка сол
100 гр сусам
150 гр маргарин
300 гр ситно сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Квасецот измешајте го со млака вода и шеќер, додајте ги останатите течни состојки, јогурт, масло, жолчки.
Замесете глатко тесто, замесено намастете го со лажица масло па оставете да се подигне околу еден час.
Сирењето измешајте го со белки, ако е потребно посолете.
Надојденото тесто премесете го и поделете го на две или три штрудли, развлечете, филувајте и замотајте.
Премачкајте со разматено јајце и богато посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30-40 минути или додека не видите дека порумениле. Извадете од рерна и на врелите штрудли ставете исечкан маргарин, вратете во рерна на уште десетина минути. Оставете малку да се изладат па сечете и уживајте во меките залаци.

Слични содржини