Автомобилскиот гигатнт Мерцедес повторно вработува луѓе кои треба да исполнат некои комплицирани операции. Со овој потег, очигледно е дека човечката рака се уште е незаменлива и пркоси на технологијата која брзоплето напредува.

images (6)

„Mercedes-Benz“ нуди ново купе од серијата S кој има додатна опрема, како на пример, држачи за чаша кои може да ги греат или ладат, 4 различни капи за вентили на гумите и слични опции кои роботите не можат да ги следат.

–  Роботите не можат да се носат со личните барања на денешниот пазар на автомобили. Сметаме дека на овој налич штедиме пари и вложуваме во наша иднина“, рекол Маркус Шаефер од Мерцедес.

Денешните роботи не можат да се носат со такви индивидуални барања на купувачите па дел од работата во фабриката на Мерцедес во Шинделфинген ја преземаа луѓе. Опремата во новата Мерцедес S класа се покажала премногу тешкa за изработка на сегашната генерација роботи.

Луксузните автомобили веќе не се доволни и се повеќе се бара посебно прилагодени возила. Флексибилноста и подготвеноста на луѓето ги враќаат на монтажната линија на Мерцедес.

Заварување, фарбање и уградување на мотори е нешто што им останува на роботите во автомобилската индустрија.

Слични содржини