Мерките во моментот ги даваат очекуваните резултати, вели Заев

од Берта Китинска

– Мерките во моментот ги даваат очекуваните резултати. И прво замолувам за разбирање кај нашиот народ, вели премиерот Зоран Заев во вестите на Сител.

Секојпат кога нешто ограничувачки еве во угостителските објекти, на културни настани, семинари и сл. тоа е своевидно ограничување. Секој има право сам да определи дали ќе се вакцинира или не, но државата е должна да го заштити колективното здравје рече Заев.

Премиерот вели дека најкритична состојба со Ковид-19 во моментот има во четири градови во земјава.

– Најкритични градови во моментов ни се Гостивар, Тетово, Куманово, Кичево за разлика од еден Охрид каде што 50% е процентот на вакцинација и во моментот има само 10 заразени. Во моментов од сите 491.170 вакцинирани со две дози имаме 0,002% на заразени од вакцинираните, додава Заев.

Слични содржини