Министерство за транспорт и врски се оградува од чочекот

од desk2

Министерството за транспорт и врски денеска преку соопштение се огради од секаква активност поврзана со информациите за организирање забава на делови од автопатот Демир Капија по вчерашното свечено отворање на делницата.

„Ниту министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, стои во соопштението во кое за други информации медиумите се упатуваат до изведувачот на проектот.

Од министерството за транспорт и врски додаваат дека се одговорна и транспарентна институција, чија единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности.

Инаку, автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила.

Чочек се играше во тунелот!

Публикувахте от infomax.mk в Понеделник, 23 април 2018 г.

Слични содржини