Мистериозен блесок над Украина: Се огласија сирените за воздушна опасност (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

НАСА објави дека мистериозниот блесок кој бил виден над Киев претходната ноќ не бил предизвикан од еден од сателитите на вселенската агенција кој би требало да се урне на Земјата, како што првично тврдеше украинската воена администрација.

Шефот на градската воена управа на Киев, Сергеј Попко, изјави, повикувајќи се на „прелиминарните податоци“, дека мистериозниот блесок забележан на небото над градот околу 22 часот по локално време, е резултат на падот на сателит на НАСА, пренесе украинскиот Канал 24.

Веднаш по блесокот беше активирано предупредување за опасност од воздух за да се спречи повреда од какви било сомнителни остатоци, додека противвоздушната одбрана „не беше во функција“.

„Според прелиминарните податоци, овој феномен е резултат на падот на вселенски сателит на Земјата“, рече тој во објавата на Телеграм.

Во меѓувреме, Украинската вселенска агенција потврди дека се случил „високо-енергетски акустичен настан“ над територијата на Украина.

„Настанот најверојатно е поврзан со навлегување на космичко тело во густите слоеви на атмосферата. Информациите се разјаснуваат“, стои во пораката на веб-страницата на Главниот центар за специјална контрола.

НАСА претходно оваа недела соопшти дека нејзиниот пензиониран сателит RHESSI тежок 300 килограми, кој се користел за набљудување на сончевите блесоци, повторно ќе влезе во атмосферата во среда. Се вели дека поголемиот дел од леталото се очекува да изгори низ патувањето низ атмосферата.

„Ризикот од повреда на кој било на Земјата е прилично низок, околу еден на 2.467“, објави НАСА.

Сепак, канцеларијата за комуникации на НАСА за Би-Би-Си изјави дека сателитот се уште бил во орбитата кога блесокот бил пријавен од Украина, додавајќи дека американското министерство за одбрана и американската вселенска агенција продолжиле да го следат RHESSI.

Астрономот Џонатан Мекдауел, исто така, во четвртокот објави дека блесокот над Киев „нема никаква врска со повторното влегување на сателитот на НАСА“. Тој рече дека орбитата на сателитот не е ниту „илјада километри од Украина“, додавајќи дека шансите тој да влезе во Киев се „нула“.

Астрономот, познат по следењето на орбиталните патеки, рече дека сателитите на НАСА на патеките за повторно влегување обично ги вклучуваат Јужна Америка, Северна Африка, Централна Азија и Кина.

Слични содржини