Мицкоски: Ќе имаме надзорна расправа за европските фондови и Еуростандард банка

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Само интервју“ изјави дека ќе имаат надзорна расправа за струјата, за Еуростандард банка и за сите „оние злоупотреби кои денес сме ги виделе за европските фондови за тренирање на магариња и за фризерници“.

Според него, поскапувањето на струјата, не е само 7 проценти на фискалната сметка и ќе биде минимум 10 проценти.

За бројот на луѓе кои излегуваат на нивните протести, Мицкоски вели дека и 200 да се или 20, како опозицијат тие имаат легитимно право да протестираат против се што го сметаат за погрешна политика.

„Имавме еден пик од 10 000 граѓани кои протестираа, кога стануваше збор за заштитата на ликот и делото на Гоце Делчев“, изјави Мицкоски.

Слични содржини