Мицотакис: Денешното гласање е глас за или против договорот

од desk4

 

  Гласајќи денеска против недоверба за владата е глас за договорот Ципрас – Заев, гласајќи против, секој од вас вади индивидуален билет за Преспа, рече претседателот на Нова демократија Киријакос Мицотакс на денешната расправа за гласање недоверба во грчкиот парламент, велејќи им на пратениците дека сите ќе носат одговорност со нивниот глас.

– Сите вие што ќе гласате „не“ за предлогот за недоверба, гласате „да“ за правна регистрација на соседите, не да се самоопределуваат како Македонци, туку да се признаваат како Македонци од сите. И од Грција, задолжително, рече Мицотакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, ерга омнес, интеграцијата во НАТО, преведеното име, македонскиот јазик и националност беа дел од точките што ги спомена Мицотакис како проблематични што не одат во прилог на Грција и за кои ја нападна владата.

– Со договорот, Скопје добива географска одредница, но жителите ќе се викаат Македонци и ќе може да кажуваат дека говорат македонски јазик, рече Мицотакис.

Во однос на употребата на името рече дека не постојат гаранции за ерга омнес и уште еднаш упати критики до Ципрас дека лаже, бидејќи во обраќањето веднаш штом се постигна договорот, рекол дека името ќе биде Северна Македонија без превод.

– Каде е Северна Македонија што го кажавте во обраќањето?, праша Мицотакис и изрази сомнеж дека грчкиот премиер тогаш го имал прочитано договорот.

Претседателот на Нова демократија, читаше стари изјави на Каменос од 2014, 2015 и 2018 во кои коалициониот партнер во владата вели дека не прифаќа име со терминот Македонија и доколку е потребно ќе урне и влада што ќе донесе такво решение.

Мицотакис во неговиот говор, неколку пати спомена дека денешното гласање е важно за иднината на земјата и за националните интереси на Грција.

Слични содржини