МРТ со извинување и осуда за протекувањето на снимката од интервјуто со Јанева

од Vladimir Zorba

МРТ реагираше по протекувањето во јавност на снимка од интервјуто со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Реакцијата Ви ја пренесуваме во целост:

mrt-logo_8[1]

Првиот програмски сервис на МТВ и се извинува на јавноста, Специјалното јавно обвинителство и на обвинителката Катица Јанева, за ситуацијата во која снименото интервју за МТВ протече во јавноста.

Истовремено, Ве известуваме дека согласно со правилниците за работа во јавниот сервис, за сите направени прекршоци ќе биде поведена дисциплинска постапка, со цел утврдување на одговорноста.

 МТВ со професионални и најискрени намери, со цел запознавање на јавноста за работата на Специјалното јавно обвинителство, продуцираше интервју, кое беше подготвено максимално професионално и коректно во доменот на новинарската работа.
Ги отфрламе сите обвинувања и напади за режирано интервју, со нарачани прашања, оградувајќи се од сите инсинуации, подметнувања и толкувања.

Првиот програмски сервис на МТВ ги осудува сите злоупотреби од вработените кои свесно ја изложија телевизијата на медиумски напади и хајки. Оваа случка е мотив повеќе да апелираме на почитување на етичките и професионални стандарди на медиумското работење и подигнување на свеста кај сите медиумски работници за повисок морал и етичност во работењето.

loading...

Слични содржини