Музејот на Пикасо ќе ги изложи делата на Франсоаз Жило, музата што тој се обиде да ја уништи

Кога Жило го напушти Пикасо по долга и бурна врска, тој ѝ рече дека нема да биде ништо без него и се обиде да ѝ ја уништи кариерата.

од Бети Божиноска

Музејот на Пикасо во Париз ќе се обиде делумно да ја исправи грешката што Франција ѝ ја направи на уметницата Франсоаз Жило, партнерката и муза на славниот Пабло Пикасо, со претставување на нејзините дела, пренесува „Гардијан“

Кога Жило го напушти Пикасо по долга и бурна врска, тој ѝ рече дека нема да биде ништо без него и се обиде да ѝ ја уништи кариерата. Жило подоцна се присети дека поранешен љубовник ѝ рекол:

„Мислиш дека луѓето ќе бидат заинтересирани за тебе? Никогаш нема, навистина, само за тебе… Тоа ќе биде само еден вид љубопитност за личност чиј живот толку интимно го допрел мојот“.

По разделбата, Пикасо и неговите влијателни пријатели во уметничките и во интелектуалните кругови на Франција почнале, како што ја опиша таа, „војна“ против неа, на крајот принудувајќи ја да ја напушти Франција и да се пресели во САД, каде што ја продолжи својата кариера и продолжи да слика до својата смрт во 2023 година на 101 година.

Меѓутоа, нејзиниот успех во Франција отсекогаш бил во сенка на човекот кој важи за еден од најважните уметници на 20 век. Сега Музејот на Пикасо во Париз ќе се обиде делумно да ја поправи оваа грешка кога ќе ја отвори новата изложба со нејзините најпознати дела.

„Таа не е претставена како муза или инспирација на Пикасо. Нема ниту една нејзина слика или фотографија што тој ги направил, наместо тоа се концентрира на Франсоа Жило како уметник. Прв пат правиме вакво нешто и тоа предизвика огромен интерес“, истакна портпаролот на музејот.

Жило се запознала со Пикасо во едно париско кафуле во 1943 година, во екот на нацистичката окупација. Таа тогаш имала 21 година, а тој 61 година. Жило го направи она што ниедна од многуте сопруги на Пикасо никогаш не се дрзна – таа го напушти, земајќи ги нивните две деца, Клод и Палома.

Пикасо ги уништил сите работи што ги поседувала, меѓу кои и писмата што ѝ ги пишувал Матис, и побарал галеријата „Луј Лери“ да престане да ја претставува и инсистираше таа веќе да не биде канета да изложува во престижниот Salon d’Mai.

На многу начини Франција ја третираше Жило уште полошо од Пикасо. Додека тој покрена три тужби за да го спречи објавувањето на нејзината биографија, „Животот со Пикасо“ од 1964 година, 80 истакнати интелектуалци и уметници испратија петиција во комунистичкиот весник Les Lettres Françaises, барајќи да се забрани книгата. Книгата беше продадена во милион примероци и беше преведена на 16 јазици, но избегнувањето на нејзините дела беше она што таа го опиша како „граѓанска смрт“.

Десет години по реновирањето, Музејот на Пикасо, кој ја поседува најголемата колекција на дела на Пикасо во светот, направи нова постојана изложба во 22 простории распоредени на три ката, која вклучува речиси 400 слики, скулптури, керамика, цртежи и отпечатоци.

Изложбата Франсоаз Жило во соба 17 на третиот кат е привремена, но се очекува посетителите да можат да ја видат во текот на следната година.

Слични содржини