МЗ почнува со теренска кампања за придобивките од навремена вакцинација

од Nikola Popovski

По повод одбележувањето на Европската недела на имунизација 2023, Министерство за здравство почна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија.

„Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини (120 населени места, рурални и урбани), каде што е регистриран понизок опфат на вакцинирани деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против ковид-19. Кампањата ќе трае пет недели (до крај на мај) и се планира да бидат посетени над 2 900 семејства“, велат од МЗ.

Тимовите ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, делат промотивен материјал и во договор со родителите имаат можност да закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација.

Во рамки на кампањата, додаваат од Министерството, постарите лица над 60 години ќе имаат можност на самото место да примат поливалентна вакцина против ковид-19 како засилувачка доза.

Слични содржини