Audi освои шест награди „Најдобри автомобили за 2016 година” во Кина. Според резултатите од гласањето на кинеските читатели на списанието „Auto, motor und sport“, Audi е најдобар во шест категории. Локално произведените модели Audi A6, Audi Q5 и Audi А3 победија во категоријата “Најдобар домашен модел”. Audi А3 беше севкупен победник во категоријата “Најдобар компактен автомобил”. Наградите „Висока постпродажна вредност” и „Најголема вредност за парите” ги освои брендот со четири прстени. Sportauto, кинеската подружницата на списанието „Auto, motor und sport“, на Audi му додели признание за најдобар тркачки програм за клиентите.

Audi A4

Audi A4

Audi А6 е модел со најголема вредност и ја освои наградата “Value Champion“ за 2016 година

Audi А6 Avant 3.0 TDI quattro е автомобилот со најстабилна вредност во својата класа. Списанието Auto Bild и независните познавачи на пазарот Schwacke го прогласија А6 за “Wertmeister” (Вредносен шампион) во луксузни класа. Наградите “Wertmeister” се доделуваат еднаш годишно во 13 различни категории.

Dynamic photo  Colour: Dakota Grey

Dynamic photo
Colour: Dakota Grey

“Автомобил на годината” во Португалија: три први места за Audi

Audi освои три први места при доделувањето на наградите „Автомобил на годината” во Португалија: Audi А4 победи во категорија менаџерски автомобил, Audi Q7 е на врвот во категоријата “Crossover”, додека пак адаптивниот темпомат на Audi освои награда за технички иновации.

Dynamic photo  Colour: Tofana White

Dynamic photo
Colour: Tofana White

DEKRA Користени автомобили: Audi A6 е “најдобар во сите класи”

Победа за Audi на DEKRA Користени автомобили. Audi A6 е “најдобар во сите класи” и победник во категоријата „Луксузни автомобили од средна големина“. Извештајот на DEKRA за користени автомобили е направен врз база на резултатите добиени од 15 милиони испитувања.

Врвен рејтинг за безбедноста во САД: Audi Q7 го има најдобриот безбедносен пакет

Институтот за безбедност на автопат (IIHS) го оцени Audi Q7 како модел со најдобар безбедносен пакет. Audi Q7 има најдобар безбедносен рејтинг според истражувањето на IIHS по спроведени тестирања во повеќе дисциплини. Тоа е потврда дека премиум автомобилот е еден од најбезбедните автомобили на американскиот пазар. Q7 исто така беше награден за бројните системи за пасивната безбедност според кои е препознатлив моделот на Audi. Во градски услови, Audi го предупредува возачот за можен судир со пешаци и други возила, а во случај на итност возилото иницира нагло сопирање.

Static photo

Злато за Audi на iF наградите за дизајн

Audi А4 и Audi концепт автомобилот e-tron quattro освоија награда iF за дизајн на производ за 2016 година. Жирито го избра новиот Audi A4 за најдобар автомобил во категоријата „Јасно дефиниран изглед” на надворешноста, како и „Совршена комбинација на јасни линии и функционален амбиент”. Концептот е-tron quattro го импресионираше жирито со неговиот чист дизајнерски јазик и динамиката, која продолжува и во внатрешноста на автомобилот. Покрај овие награди, Audi освои и награди за дизајн iF за моделите Audi R8 и Audi Q7.

Audi најдобар работодавачот за 2016 година

Audi е најпопуларен работодавец во автомобилската индустрија: Тоа е резултат на студијата на списанието ФОКУС и Ксинг социјалната мрежа. Audi победи во категоријата “Големо претпријатие од автомобилската индустрија”. Вработени во повеќе од 2.000 компании учествуваа во гласањето за најдобар работодавец за 2016 година.
Награда за Audi A4 Sedan во Велика Британија

Британските лизинг компании го избраа новиот Audi А4 за „Автомобил на годината за 2015 година”. Жирито ги пофали дизајнот, како и возните перформанси и ефикасноста на А4.

Static photo

Static photo

Audi Q7: „Луксузен SUV на годината” во Белгија

Белгиското списание „4×4 Плус“ го прогласи Audi Q7 за најдобар луксузен SUV на годината”. Жирито составено од 26 автомобилски новинари го тестираше новиот Q7 и со најдобри оцени го постави на првото место во категоријата „Луксузен SUV на годината”. Списанието „4×4 Плус“ ги прогласува најдобрите автомобили во седум различни категории.

Слични содржини