Португалецот бесен на Зинедин Зидан
Сериозни тензии меѓу ѕвездата на Реал (Мадрид), Кристијано Роналдо и тренерот Зинедин Зидан. За време на синоќешниот натпревар на “кралевите” со Лас Палмас (2: 2) францускиот специјалист одлучи да го смени во 72-тата минута Португалецот. Ова не му се допадна на играчот, кој не ја сокри својата огорченост.
На излегување од теренот Роналдо направи неколку гримаси во знак на незадоволство, а потоа го поздрави тренерот без дури да го погледне.
“Во вторникот имаме важен натпревар со Борусија (Дортмунд). Роналдо треба да се одмори. Тој игра добро, но решив да го заменам пред претстојниот дуел во Лигата на Шампионите. Се разбира, Кристијано сака секогаш да е на теренот, но јас сум должен да мислам за своите фудбалери, особено за него. Понекогаш се потребни и смени “, ја оправда својата одлука Зидан.