Нацев: Загрижувачка е прецизната операција на Русија врз Украина, значи имала многу добри информации

од Берта Китинска

Универзитетскиот професор Александар Нацев, на ТВ21 рече дека загрижувачки е колку прецизен бил првичниот напад на Русија врз Украина, односно дека Русите знаеле точно како и каде треба да напаѓаат.

Тоа, според Нацев, значи дека Русија имала многу точни информации, но она што е за него исто така загрижувачки е тоа што можеби оваа земја има и прецизни сознанија и за други држави.

„Она што загрижува за другите земји, доколку Русија имала толку детален увид на сите критични точки, во сите стратешки позиции, бидејќи уништени беа многу стратешки цели за кратко време, се поставува прашањето дали Русија ги има сите сознанија за Летонија, Литванија, Естонија, Полска. Затоа што вака прецизна операција кажува дека безбедносно-разузнувачките служби знаеле во што се впуштаат“, изјави Нацев.

Слични содржини