Не е безопасно: Еве што се случува со храната кога ќе слета мува на неа

од desk4
Кога мувата ќе собере бактерии, може да ги рашири насекаде околу себе. Едно од местата е вашата храна, дури и ако е таму само неколку секунди! Кога мува ќе слета на вашата храна, најверојатно ќе ја „избркате“ со рака и ќе продолжите да јадете. Но прашањето е „дали треба да се грижите за бактериите“?
 
Постојат најмалку стотина различни бактерии и вируси кои можат да ги пренесат мувите, велат научниците од еколошката лабораторија на Универзитетот Фордам во Њујорк. Тие предупредуваат дека кога мувата ќе собере бактерии, може да ги рашири насекаде околу себе. Едно од местата е храната дури и ако е таму само неколку секунди. „Постои ризик од инфекција и болест без оглед на тоа што количината на бактерии што може да се пренесат за тоа кратко време е мала“. Тие додаваат дека поголемата опасност доаѓа кога мувата ќе повраќа. Звучи застрашувачки. Кога ќе дојде до вашата храна, таа не се обидува да ја јаде, туку испушта сокови врз неа за да ја омекне и да може да ја јаде во течна форма. Ова не е ни најлошиот дел. Телесната течност што ја испушта на храната е полна со бактерии кои се задржуваат подолго во мувата отколку на нејзиното тело, што значи дека имате многу поголеми шанси да се заразите. Некои од болестите кои можат да ги пренесат мувите се навистина опасни. Ешерихија коли, салмонела, хепатитис А и ротавирус, вели специјалистот за заразни болести Брент В. Лаарц. Друга болест е шигела (шигелоза) – предизвикува дијареа, висока температура и неподносливи болки во стомакот. Не треба веднаш да паничите и да ја фрлите храната на која слета мувата. Тие се најзаразни доколку биле на сурово месо или валкани површини, вели д-р Лаарц и советува да ја одржувате вашата кујна исклучително чиста бидејќи на тој начин помали се шансите да се заразите. Исто така, само една мува на храната нема да ве зарази, поголема грижа е ако јадете некаде надвор и одвреме-навреме на храната слетува нова.

Слични содржини